ЦУК: До 12 часот има осум активни пожари, пет се под контрола и три се изгаснати

27
Според Извештајот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во земјава денеска до 12 часот има вкупно 16 пожари, од кои осум активни, пет се под контрола и три се изгаснати.
АКТИВНИ (8):
1. Чучер Сандево – помеѓу с.Блаце и с.Горњани, м.в.Рамна шума (шумски пожар)
2. Прилеп – с.Бешиште, м.в.Бешишки Рид (приземен во мешана шума)
3. Македонски Брод 1 – помеѓу с.Црешнево и с.Локвица (дабова шума и грмушки)
4. Македонски Брод 2 – с.Рамне – с.Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
5. Македонски Брод 3 – с.Слатина (мешана шума)
6. Чашка – под Солунска глава, Изворите на Бабуна – Бабина дупка (само чад, шумски пожар)
7. Дојран – с.Николич (нискостеблеста шума)
8. Крива Паланка – с.Градец (шума и сува трева)
ПОД КОНТРОЛА (5):
1. Ѓорче Петров – с.Орман (ниска вегетација и дрво)
2. Гази Баба – Смилковско Езеро (ниска вегетација)
3. Шуто Оризари – депонија
4. Кочани – Јастебник и Полаки, м.в.Бабиште (шума и сува трева)
5. Делчево – градска депонија Острец
ИЗГАСНАТИ (3):
1. Делчево – м.в.Брежјето (грмушки и сува трева)
2. Желино – с.Ларце – с.Горна Лешница (мешана шума)
3. Куманово – нас.Средорек (ѓубре и сува трева)
Од ЦУК потенцираат дека вчера системот за итни повици Е-112 забележал 4.199 повици, што е најголем број евидентиран досега за еден ден.
И тоа, 711 биле испратени повици за услуга (овие се повици биле за активирани институции за интервенција), кон полиција биле 286 повици, кон Итна мединицска помош 72 повици, повици кон пожарна биле 297, кон ЦУК – 54 повици, и кон АМСМ само 2 повика.

ИЗДВОЕНИ