ЦУК денеска изврши тестирање на системот за масовно известување на граѓаните во случај на кризни состојби или тревожење

83

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска изврши тестирање на системот за масовно известување на граѓаните во случај на кризни состојби или тревожење.
Денеска, во текот на попладневните часови, дел од граѓаните добија SMS порака со следната содржина:

„Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите.”

Ова е тест порака со цел да се проверат можностите за праќање вакви масовни пораки, кои во иднина треба да бидат дел од системот наречен ‘cell broadcasting’ или масовно праќање пораки во случај на кризна ситуација за известување и тревожење, информиаат од ЦУК.

 

 

Како што појаснуваат од ЦУК, оваа тест-порака има за цел да ги испита техничките можности за воспоставување на системот за масовно известување на населението во случаи на кризни ситуации.

Овој систем, познат како cell broadcasting, овозможува испраќање на итни пораки до сите корисници на мобилни телефони кои се наоѓаат во определена географска област, без разлика на мобилниот оператор. Неговата цел е навремено и ефикасно информирање и тревожење на населението во случаи на пожари, поплави, земјотреси, опасни временски појави или други кризни ситуации.

ЦУК е обврзан да го воведе овој систем, а веќе се започнати активности за изработка на физибилити студија која ќе ја процени техничката, финансиската и организациската изводливост за негова имплементација.

Како што информиаат од ЦУК, воведувањето на вакви системи е не само национална потреба, туку и обврска согласно законодавството на Европската Унија, која ги задолжува сите земји членки да располагаат со ваков механизам за масовно тревожење и информирање на граѓаните во случај на кризни состојби.

Во таа насока, веќе е започната изработка на физибилити студија за проценка на техничката, финасиската и организациската изводливост за негова имплементација.

 

 

ИЗДВОЕНИ