
Близок извор до таборот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед откри дека ко-сопственикот на „црвените ѓаволи“, Сер Џим Ретклиф, не дал зелено светло за најавениот трансфер на полскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Роберт Левандовски. Искусниот напаѓач има договор со Барса до крајот на актуелната сезона, а менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, сакал да ги има на располагање и неговите услуги но тоа нема да се случи.











