Црвениот крст денес објави дека е принуден привремено да ги суспендира своите активности во Газа поради интензивирањето на израелските воени операции.
Организацијата предупреди дека десетици илјади луѓе кои останале во градот се соочуваат со „страшни хуманитарни услови“, пренесе „Бета“.
„Интензивирањето на воените операции во Газа го принуди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) привремено да ги суспендира своите активности во својата канцеларија во Газа и да го премести својот персонал во канцеларии во јужниот дел на Појасот Газа, со цел да се обезбеди безбедноста на тимовите и континуитетот на операциите“, се вели во соопштението.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац издаде последно предупредување до жителите на Газа порано денес да избегаат на југ, или ќе бидат „сметани за терористи“.