вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Црвениот крст од Хамас презел ковчег со останките на заложник

Црвениот крст од Хамас презел ковчег со останките на заложник

48
Foto: Printscreen

Црвениот крст ја информираше израелската војска дека презел ковчег со останките од заложник од Хамас во јужна Газа, соопшти Тел Авив.

Претставници на Црвениот крст наскоро ќе го предадат ковчегот на израелската војска во Газа, каде што ќе се одржи кратка церемонија предводена од воениот рабин.

Хамас врати 12 од 28-те тела на починати заложници досега. Сите 12 се официјално идентификувани, а последниот заложник беше идентификуван во неделата како тајландската државјанка Сонтаја Окарасри.

Едно тело што Хамас го предаде според договорот за прекин на огнот не беше на израелски заложник, туку на Палестинец.

ИЗДВОЕНИ