Црвени регистарски таблички за службените возила/ФОТОГАЛЕРИЈА

412

Денеска се промовираа новите службени регистарски таблички во боја. Сите државни институции и јавни правни лица ќе имаат обврска најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови таблици во боја.

Одлуката ја донесе Владата, на крајот на јули, по иницијатива на Службата за општи и заеднички работи. Целта на оваа мерка, како што информираат надлежните, е спречување на злоупотребите и  зголемување на транспарентноста и контролата во користењето на службените возила.

Преку обележувањето со нови таблички во боја, граѓаните ќе можат лесно да ги разликуваат овие возила од приватните.

Со ова ќе се спречи нивна злоупотреба за лични, приватни или партиски цели, велат од Службата за општи и заеднички работи.

ИЗДВОЕНИ