Кошаркарите на Црвена звезда направија уште еден чекор кон пласман во плејофот во Евролигата, откако, на домашен терен, го совладаа турски Анадолу Ефес со 91:81, во рамките на 29. коло.
„Црвено-белите“ моментно се наоѓаат во горниот дел од табелата, на местата што водат во плејофот.
Речиси сигурно место во плејофот обезбеди Фенербахче, кој овој пат беше поуспешен од Партизан со 81:78, а победи во ова коло обезбедија и Жалгирис над Олимпијакос (99:84 по продолжение) и Виртус, кој беше подобар од Барселона со 85:80.











