Црвена метеоролошка тревога во Романија: Од утре се затвораат училиштата во главниот град, се градат насипи пред претстојното невреме

1282
Фото:википедија

Романските власти одлучија утре да затворат стотици училишта во главниот град, на југот и југоистокот од земјата, каде што е прогласена „Црвена метеоролошка тревога“ поради многу обилни врнежи од дожд што се очекуваат од вечерва.

„Врнежите од дожд би можеле да достигнат 80-100 литри на квадратен метар, во некои области 120-140 литри“, предупреди денес Министерството за заштита на животната средина, советувајќи ги жителите да не патуваат за време на тревогата.

Некои населби во долините подготвуваат вреќи со песок за да спречат поплави со импровизирани насипи.

Три лица загинаа во поплавите во североисточна Романија ова лето.

Минатата недела, четири лица загинаа во соседна Бугарија за време на обилните дождови на брегот на Црното Море.

ИЗДВОЕНИ