Црногорскиот екс-евровизиски претставник Кнез: Се разведов поради банална причина, мојата сопруга не сакаше апсолутно ништо да работи

107

Црногорскиот поп-пејач Ненад Кнежевиќ-Кнез и некогашен црногорски претставник на Песна на Евровизија, кој има 57 години, се разведе од Нина Вукмановиќ. Тој јавно ги откри причините. Сосема необични.                                                                              – Мојата тогашна сопруга и јас имавме големи несогласувања пред да ја донесеме одлуката за разделбата. Еден од проблемите беше што таа немаше за ништо интерес. Беше фокусирана само на нашите деца. Сакав да ја вработам, не заради парите, туку таа да прави нешто во животот. Но и тоа не сакаше.

Дури и бутик ѝ отворив, но пак ништо. Нејзината чудна филозофија во животот беше да не работи апсолутно ништо, само да ужива, да „глувари“. Дали ви се верува дека не сакаше дома ниту да готви, нити да исчисти. Велеше, има насекаде готвени јадења, па да купувам ако сум гладен, истакна растажениот Кнез.

 

ИЗДВОЕНИ