Црногорскиот државјанин В. М. (30) од Подгорица е уапсен во Србија врз основа на меѓународна потерница издадена од НЦБ Интерпол Подгорица, соопшти денес црногорското Министерство за внатрешни работи, пренесе „Танјуг“.
Во соопштението се наведува дека е издадена потерница по В. М. врз основа на наредба на Вишиот суд во Подгорица од 24 април 2024 година, со цел спроведување кривична постапка поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство, поседување и дистрибуција на наркотични дроги.
Се нагласува дека е во тек понатамошна комуникација меѓу судските органи на Црна Гора и Србија со цел екстрадиција на ова лице.












