Црно-бел убавец – потомство на алпаките Фелиција и Кенди

43

Алпаките Фелиција и Кенди станаа родители на мал црно-бел убавец. Тој веднаш, како што велат од скопската Зоолошка градина, им ги украл срцата.

Алпаките (Vicugna pacos) се припитомени животни од Јужна Америка, најмногу распространети во Перу, Боливија, Еквадор и во Чиле.

Црно-белите алпаки се вистинска реткост. Иако може алпаките да имаат различни шари, повеќето се еднобојни или со суптилни нијанси.

Црно-белата комбинација, особено со јасно дефинирани контрасти, се смета за генетски необична и е многу ретко застапена. Таквите алпаки често предизвикуваат восхит и се сметаат за ѕвезди на ранчовите и на фармите, па дури и за инспирација кај уметниците и кај дизајнерите.

ИЗДВОЕНИ