Црниот биланс во пожарот во Хонг Конг постојано расте: Најмалку 36 лица настрадаа, а најмалку 279 уште се водат за исчезнати – десетици станови се уште горат

137
EPA/LEUNG MAN HEI

Главниот извршен директор на Хонг Конг, Џон Ли, на прес-конференција изјави дека 36 лица загинале во пожарот во Таи По, додека најмалку 279 сè уште се водат како исчезнати.

Пожарникарите сè уште се обидуваат да го стават пожарот под контрола во населбата Ванг Фук Корт, јавува „Би-би-си“.

Десетици станови сè уште горат, а службите за итни случаи продолжуваат да работат и покрај мракот.

Министерката за домување на Хонг Конг, Вини Хо, изјави дека работната група за домување идентификувала 1.400 станови кои биле веднаш достапни низ островот Хонг Конг, Каулун и Новите Територии. Околу 280 од тие станови биле во Таи По.

Таа додаде дека 40 евакуирани жители веќе се преместени во еден од транзиционите станбени проекти во Шан Лиу.

Според извештаите на локалните медиуми, едно бебе и една постара жена биле спасени од пожарот.

ИЗДВОЕНИ