Црна Гора планира да започне со производство на беспилотни летала во соработка со американска компанија, а првата серија ќе и биде донирана на Украина, објавија во средата црногорските медиуми, повикувајќи се на „писмо на намери“ усвоено од владата во Подгорица на крајот на мај.
Во документот, како што јави Радио Слободна Европа, црногорската влада наведува дека иницијативата „ќе ги подобри воените капацитети во однос на НАТО, ќе ги поддржи одбранбените потреби на Украина, како и позицијата на Црна Гора како сигурен снабдувач на најсовремена одбранбена опрема на глобалниот пазар“.
Се нагласува дека договорот вреден 15 милиони долари ќе го поддржи и американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп.