Црна Гора ќе произведува дронови, a првите ќе одат за Украина

32

Црногорските власти планираат да почнат со производство на беспилотни летала, во соработка со компанија од САД, а првата серија ќе ѝ биде донирана на Украина, се вели во документот на Владата на Црна Гора., пишува Радио Слободна Европа.

Владата вели дека иницијативата е во согласност со заложбата на Црна Гора, која, меѓу другото, ќе ја зајакне домашната одбранбена индустрија.

Не е познато кога ќе почне производството и колку средства ќе издвојат црногорските власти за овие потреби. Во документот се наведува дека со 15 милиони долари, договорот ќе биде поддржан од американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп. Патем, ова се пари што САД ги одвоија за војската на Црна Гора.

На седницата на 29 мај, Владата одобри „писмо за намери“ за инвестирање во производство на беспилотни летала (УАС) и развој на извозот од црногорските аеродроми. Црна Гора, исто така, со документи потврдува дека ќе обезбеди законска рамка за производство и извоз на воени компоненти и на опасни материјали.

ИЗДВОЕНИ