Но, покрај убавите случувања на ЕМОФ и соборените бројни рекорди, има и некои непредвидени случувања кои ќе останат како црна дамка за одделни спортисти. Со такво непријатно чувство се соочила една шпанска натпреварувачка, која се пожали дека ѝ паднал плафонот во тоалетот во еден од македонските угостителски објекти во кој била сместена.

За среќа, натпреварувачката не се здобила со некакви повреди, а пропустот бил саниран уште истиот ден.

  • Нормално е дека ги надгледуваме сите несакани моменти кои се случуваат, покрај сите убави работи, има и по некоја неубава. Се работи за пукната цевка во еден познат скопски хотел, кој е со четири ѕвезди. Намокрен бил плафонот и гипс-картонот паднал. Проблемот е саниран истиот ден, потврди Даниел Димевски.

ИЗДВОЕНИ