Шеснаесет лица загинаа, а 30 се повредени во две сообраќајни несреќи во Турција, објавија денес турските власти.
Една несреќа, во која учествуваше автобус, се случи во Анталија, голем туристички град во јужна Турција.
„За жал, возачот на автобусот не преживеа и покрај сите напори. Девет лица загинаа“, напиша гувернерот на Анталија, Хулуси Сахин, на социјалните мрежи.
Автобусот, кој превезувал 34 патници од Текирдаг до Анталија, се превртел денес во 10:20 часот по локално време по автопат кој станал лизгав поради дождот, изјави гувернерот, додавајќи дека 25 лица се повредени.
Седум лица загинаа, а пет се повредени во друга несреќа во Бурдур, на автопатот Анталија-Испарта во јужна Турција, објави турската приватна новинска агенција ДХА, објавија француските медиуми.












