Црквата „Свети Илија“ целосно изгоре, експлодираа бомби од Втората светска војна: Словаците гаснат пожар во Албанија

155

Состојбата со пожарите во селото Лекел, во близина на градот Тепелена во јужна Албанија, се влошува. Експлодираа уште две бомби од Втората светска војна.

Голем пожар избувна попладнево во селото Лекел во регионот на Тепелена, предизвикувајќи голема материјална штета. Пламените јазици зафатија неколку хектари шуми и посеви, додека изгореа неколку куќи, три штали и три грла добиток, објави порталот „Газета експрес“.

Меѓу тешко оштетените згради е и православната црква „Свети Илија“, прогласена за споменик на културата од втора категорија. Црквата, изградена околу 1800 година од Танас Ваја, поранешен командант на Алија Паша од Тепелена, беше целосно уништена во пожарот.

Ситуацијата дополнително ја влоши експлозијата на две бомби останати од Втората светска војна, кои беа активирани од високите температури предизвикани од пожарот.

Полицијата побара итна евакуација на населението од селата Лекел и Хормова поради брзото ширење на пожарот. Хеликоптер од Словачка, исто така, учествува во гаснењето на пожарот во овој дел од Албанија.

ИЗДВОЕНИ