Црква во изградба во Етиопија се урна врз верниците: Најмалку 25 лица настрадаа, а повеќе од 100 се повредени – се очекува бројот на жртви да расте

42
Фото:пекселс

Најмалку 25 лица настрадаа кога црква во изградба во регионот Амхара во Етиопија се урна во среда, соопштија локалните власти.

Инцидентот се случил рано во среда во црквата Мењар Шенкора Арерти Маријам во регионот Амхара во северна Етиопија, додека верниците се собирале на годишна прослава посветена на Света Марија, објавува „Еј-би-си-њуз“.

Сејум Алтаје, болничар во локалната болница, рече дека меѓу загинатите има деца и постари лица.

„Досега потврдивме 25 смртни случаи и повеќе од 100 повредени“, рече тој.

Тој додаде дека болницата бара помош од Црвениот крст за лекување на повредените.

Тешале Тилахун, локален администратор, предупреди дека бројот на жртви може да се зголеми.

„Ова е трагична загуба за нашата заедница“, рече тој.

ИЗДВОЕНИ