Циклонот над северна Европа, поврзан со фронталниот систем, влијае и на времето во нашиот регион. Станува збор за стационарен циклон, а во моментот тој се наоѓа над Хрватска.
Во такви околности, влажниот и нестабилен океански воздух поминува над Алпите во бранови и предизвикува брзи временски промени, силна облачност, бурни налети на ветер и обилни врнежи на места. За време на минувањето на фронтот, беа забележани налети на ветер кои достигнаа до 25 метри во секунда, или околу 100 километри на час.
Во теков на ноќва и во Македонија ќе дува јужен ветер, кој утре преку денот ќе биде со засилен до силен интензитет и локално ќе надминува брзина од 70 km/h.
Што се однесува пак до времето во следните денови, во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето. Од недела до вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во понеделник наместа врнежите ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 70 km/h).












