Циклон од Џенова носи опасност од поплави на Балканот и во Македонија

78

Уште од самиот почеток на следната седмица судејќи според понатамошните нови излези на прогностичките модели ни следува нова голема промена на времето. Ќе бидеме под влијание на нов циклон со центар над Џенова и истиот ќе условува следната седмица да имаме чести и обилни врнежи од дожд проследени со повремено силен јужен ветер, најави Славчо Попоски.

Од она што во моментов можам да го кажам за јавноста е тоа дека ќе наврне големо количество на дожд во текот на следната седмица во нашата Република Македонија. Сепак и покрај ова ќе бидеме под влијание на јужно воздушно струење и сето ова ќе услови да имаме температури над просекот за месец ноември.

Сѐ на сѐ, овие врнежи кои метеорологот ги најавува за следната седмица и тоа како може да создаваат проблеми и поплави во регионот, а можни поројни локални поплави се можни и во нашата Македонија.

ИЗДВОЕНИ