Циклон носи ново невреме во Македонија. Викендот потоп!

275

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота  и недела 24/25 мај) во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај).

Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град, пишува Метеоаларм во најновата временска прогноза.

И во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.

Инаку, за викендот, исто така од север ќе се спушта значително поладен воздух кој повторно значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) и особено во западните  и во северозападните предели, повторно ќе има услови за нови врнежи од снег.

ИЗДВОЕНИ