среда, јануари 28, 2026
Дома СВЕТ Цензура во САД: Трамп го презеде ТикТок, „Епштајн“ е забранет збор

Цензура во САД: Трамп го презеде ТикТок, „Епштајн“ е забранет збор

32

Платформата е потресена од обвинувања за политичка цензура, технички дефекти што го спречиле нормалното функционирање на апликацијата, како и истрага од страна на властите во Калифорнија за наводно потиснување на содржина што е критична кон Трамп.

Американската верзија на TikTok, која неодамна премина во рацете на организации блиски до администрацијата на претседателот Доналд Трамп, се соочува со сериозни проблеми во првите денови од работењето.

Платформата е потресена од обвинувања за политичка цензура, технички дефекти што го спречиле нормалното функционирање на апликацијата, како и истрага од страна на властите во Калифорнија за наводно потиснување на содржина што е критична кон Трамп.

Посебно внимание беше привлечено од тврдењата на корисниците дека TikTok не им дозволува да го користат зборот „Епштајн“ во приватни пораки, што дополнително ги поттикна сомневањата дека новата структура на управување влијае врз содржината на платформата. TikTok, сепак, тврди дека станува збор за технички проблеми, а не за промена на правилата за модерација.

ИЗДВОЕНИ