Централната кујна на градинката „Гоце Делчев“ наскоро готова

40

Изградбата на новата централна кујна во рамки на детската градинка „Гоце Делчев“ е во завршна фаза и наскоро ќе биде целосно ставен во функција.

-Станува збор за современ простор со вкупна површина од 300 квадратни метри на две нивоа. На долниот кат, ќе се наоѓа кујната, којашто ќе има капацитет за подготовка на повеќе од 600 оброци дневно, додека горното ниво ќе се користи како магацински простор. Покрај потребите на детската градинка, со пуштање во употреба на оваа централна кујна ќе се обезбедуваат оброци и за основните  училишта во општината кои имаат продолжен дневен престој  – информираат од Општина Илинден.

Оттаму информираат дека со реализацијата на овој проект се создаваат услови и за проширување на капацитетот на градинката, бидејќи, како што велат, постојната кујна ќе биде пренаменета во две нови занимални.

-На тој начин ќе се овозможи згрижување на дополнителни 50 деца, со што вкупниот капацитет на градинката ќе достигне 650 дечиња – објаснуваат од локалната самоуправа.

Во изминатиот период, општината реализираше низа значајни проекти во градинката „Гоце Делчев“, меѓу кои доградба на градинката во вкупна површина од 300 квадартни метри, реконструкција на покривот, целосно уредување на дворното и хортикултурното опкружување со нови детски реквизити, како и набавка на современа опрема.

ИЗДВОЕНИ