Општина Центар стави на располагање електронски Анкетен прашалник, преку кој граѓаните директно може да се вклучат во процесот на креирање на Буџетот за 2026 година.
Граѓаните може да предлагаат проекти од различни области: образование, социјална, детска и здравствена заштита, култура, спорт и рекреација, локален економски развој, урбано планирање, комунални дејности, животна средина, јавни работи, како и реконструкција и санација на училиштата.
Градоначалникот, Горан Герасимовски, ги повикува жителите активно да ги доставуваат своите предлози и да укажат на потребите во своите маала.
– Вие сте најголемиот коректор и вашите барања се најзначајни. Јас сум овде за да ги проследам сите ваши предлози, а заедно со секторите да ги оцениме приоритетните кои веднаш ќе влезат во програмите – изјави Герасимовски.












