Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, забележале зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.
Во делот на трошоците (инпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, имало зголемување кај тековно потрошените средства во земјоделството, од 2,3 отсто и зголемување од 5,7 отсто кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.
Најголем раст на трошоците земјоделците имале за ветеринарни услуги, каде што бил забележан раст од 37,1 отсто и за добиточна храна, со раст од 9,9 отсто. Во однос на инвестирањето, највисоки биле трошоците за машини и за опрема, кои пораснале за 7,8 отсто.
Во делот на пласманот на земјоделските производи (аутпут), во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство биле зголемени за 14,2 отсто, а цените на добиточното производство биле зголемени за 6,5 отсто.