Цените во Грција ги шокираа туристите, нема веќе евтин одмор

И покрај тоа што сè е поскапено, интересот за летување кај нашиот јужен сосед не е намален. Од туристичките агенции велат дека голем дел од туристичките аранжмани се веќе распродадени со ран букинг и оти останати се оние поскапите без попуст. Цените за апартманско сместување се движат од 85 евра по лице во претсезона па нагоре до 1.000 евра во сезона. Сепак и покрај тоа што одморот во Грција последниве години не е толку евтин како порано, од агенциите велат дека со букирање на време и со добра организација, сè уште може да летувате евтино

1625

Нема веќе евтин одмор во Грција. Оваа година Македонците кои планираат да летуваат во Грција треба да издвојат многу пари, не само за сместување, туку и за туристичка такса, храна, лежалки, гиро, кафето… Од туристичките агенции кои ги контактираше весникот ВЕЧЕР велат дека и покрај тоа што сè е поскапено, интересот за летување кај нашиот јужен сосед не е намален. Велат дека голем дел од туристичките аранжмани се веќе распродадени со ран букинг и оти останати се оние поскапите беа попуст. Цените за апартманско сместување се движат од 85 евра по лице во претсезона па нагоре.

-И покрај тоа што сè уште не е пикот на уплати на аранжмани за летување, сепак има голем интерес за овој период од годината. Годинава Грција е многу поскапена, освен апартманското сместување, кое не зависи од нас туку од Грците кои ги одредуваат цените, поскапено е и сè останато. Цените за закуп на апартман се движат од 200 евра во претсезона до 1.000 евра во сезона. Цените за закуп зависат од близината на апартманот до море, дали се работи за стар или нов објект, дали има поглед на море…, изјавија за весникот ВЕЧЕР од една туристичка агенција.

Оттаму велат дека одморот во Грција последниве години не е толку евтин како порано, но со букирање на време и со добра организација, сè уште може да летувате евтино.

-Ние, на 18 мај, ја отвораме сезоната, а во Грција веќе има туристи. Интерес има, а капацитетите се повеќе од половина пополнети, бидејќи со продажба на аранжмани почнавме од ноември. Цените започнуваат од 85 евра по лице во претсезона, а како се наближува сезоната, цените растат. Во сезона достигнуваат до 800-900 евра за седум ноќи. Освен сместувањето, поскапена е туристичката такса која апартманите беше 1,5 евра сега е 2 евра на ден, велат од агенциите.

Според информациите на интернет страницата „Грчка инфо“, цените на некои основни производи се изненадувачки скапи и над балканскиот просек. Јајцата се продаваат за околу 0,35 евра по парче, една глава зелена салата е 0,50 евра, додека еден куп млад кромид се нуди за 0,70 евра. Килограм домати е околу 1,25 евра, тиквички се само 0,50 евра, а грашок е околу 3 евра. Овошјето и мешунките чинат значително повеќе – јагодите се 2,50 евра за килограм, крушите 1,50 евра, црвениот грав 3,30 евра, додека белиот грав достигнува дури 7,50 евра за килограм. Цената на свежата риба е особено висока – за една риба (без преработка и подготовка) треба да потрошите околу 10 евра.

Сепак, гирото сè уште може да се најде за прифатлива цена од 3 до 4,5 евра, во зависност од местото и дали е популарна локација или помало туристичко место. Порција гиро во ресторан чини до 9-10 евра, додека пицата чини околу 12 евра, а кафето чини просечно од 2 до 3 евра.

Што се однесува до сместувањето, цените се зголемуваат со доаѓањето на сезоната. Становите можат да се изнајмат за само 30 до 40 евра по ноќ на почетокот на јуни, додека во јули и август истите се изнајмуваат за 80-100 евра. Во полуксузни вили со поглед на море, цените лесно надминуваат 250-300 евра од ноќ, особено ако вклучуваат базен, приватна плажа или дополнителни погодности.

(А.С.)

 

ИЗДВОЕНИ