Цените на златото и на среброто стигнаа до рекордни нивоа

27

На почетокот од 2026 година, цените на златото и на среброто достигнаа историски рекорди, поттикнати од геополитичките тензии, меѓу кои американските напади врз Венецуела и заканите кон Иран. Инвеститорите, традиционално, бараат сигурност во благородните метали кога расте нестабилноста, додека берзите реагираат релативно мирно.

Среброто забележа пораст од над 6 проценти во средата, надминувајќи 90 долари за унција, со вкупен раст од 29 проценти оваа година. Во 2025 година, цената на среброто скокна за 141 процент – најдобар резултат од 1979 година. Златото, исто така, порасна за околу 1 процент, со цена над 4600 долари за унција, што претставува раст од 22 проценти за 2026 година. И минатата година златото забележа раст од 65 проценти, највисок од 1979 година.

Покрај златото и среброто, во последниов период растат и цените на други индустриски метали како косит, бакар, алуминиум, литие и цинк.

Зголемената побарувачка е поттикната од глобалните настани, како што се геополитичките конфликти, заканите кон американската централна банка и нестабилноста на финансиските пазари. Дополнителен притисок на цените доаѓа и од побарувачката за метали што се користат во електрониката и изградбата на дата-центри за вештачка интелигенција, како и од рекордниот трговски суфицит на Кина.

Експертите предупредуваат дека растот на цените на металите може да влијае врз потрошувачите, бидејќи тие се составен дел од голем број производи.

– Имаме сериозна инфлација на индустриските метали. Следниот претседател на Фед ќе има голема дилема пред себе – вели независниот аналитичар Питер Буквар.

ИЗДВОЕНИ