Цените на станбените недвижности во Германија растат трет квартал по ред, според прелиминарните податоци објавени денес од Федералниот завод за статистика.
Во вториот квартал од 2025 година, просечните цени на станбените недвижности во Германија беа за 3,2 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година и за 1,1 процент повисоки отколку во првиот квартал од 2025 година, објавува Wierschaftsvoe.
Во седумте најголеми германски градови – Берлин, Хамбург, Минхен, Келн, Франкфурт, Штутгарт и Дизелдорф – цените на становите се зголемија во просек за 2,4 проценти во споредба со минатата година, додека цените на куќите малку се намалија во текот на периодот, за 0,2 проценти.
Растот на цените на станбените недвижности беше уште позначаен надвор од големите германски градови. Во урбаните области на Германија, цените на становите се зголемија за 5 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2025 година, а во руралните области за 3,6 проценти во споредба со истиот период минатата година, се додава во извештајот.