Цените на најпопуларните божиќни бисквити во Германија драматично се зголемија – нивните залихи само се трупаат на полиците

11
Фото:википедија

Од крајот на август, цените на бисквитите „Спекулас“ во Германија драматично се зголемија, па нивните залихи се натрупуваат на полиците во продавниците.

Според пресметките на Институтот NIQ за истражување на пазарот, овој вид бисквит поскапел за дури 71 процент во споредба со 2021 година, објавува „Билд“ (Bild).

Севкупно, цените на божиќните бисквити се зголемиле за 64 проценти во споредба со 2021 година.

Најголемиот производител на бисквити „Спекулас“, компанијата Borggreve од Долна Саксонија, наплаќа 1,69 евра за пакување од 600 грама, додека пред четири години чинеше едно евро и девет центи, пренесе „Танјуг“.

Извршниот директор на компанијата, Герит Врилинк, го припишува ова на зголемувањето на трошоците за енергија и работна сила, како и на суровините како што се палминото масло и шеќерот.

Цените во германскиот сектор за трговија на големо генерално се зголемија во август, објави „Билд“.

Според Федералниот завод за статистика, тие се зголемија за 0,7 проценти во споредба со истиот месец минатата година.

Главната причина за зголемувањето е значителниот скок на цените на храната, пијалоците и тутунските производи, објави германскиот весник.

ИЗДВОЕНИ