Европските берзански индекси денеска беа со скромен раст, а цените на нафтата, златото и пченицата паднаа, откако ЕУ го одобри пакетот помош од 90 милијарди евра за Украина. Засега нема да се користат замрзнати руски средства за финансирање на кредити за Киев.

Европската централна банка, норвешката Норгес банка и шведската Риксбанк ги задржаа каматните стапки на исто ниво, додека Банката на Англија ги намали каматните стапки за 25 базични поени на 3,75%. ЕЦБ очекува економскиот раст во еврозоната да биде 1,4% за оваа година и 1,2% во 2026 година.

Европските фјучерси за гас за јануари се тргуваа по 28,035 евра за мегават-час на вчерашното отворање на берзата. Според тековните податоци на берзата, цената на суровата нафта падна на 55,808 долари, а цената на нафтата Брент на 59,622 долари.

Цената на златото падна на 4.323,56 долари за унца, а цената на пченицата на 5,0548 долари за бушел (еден бушел е 27,216 килограми). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,17091 долари, што е за 0,12% помалку отколку на почетокот на тргувањето.

ИЗДВОЕНИ