недела, јули 12, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цените на нафтата паднаа за пет проценти, се приближија до најниското ниво...

Цените на нафтата паднаа за пет проценти, се приближија до најниското ниво во последните 5 недели

393
EPA/ROMAN PILIPEY

Цените на нафтата на светските пазари денес паднаа за околу пет проценти, приближувајќи се до најниското ниво во последните пет недели.

Потоа, меѓународната референтна сурова нафта Брент се тргуваше по околу 96 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI беше 89 долари за барел, објави „Трејдинг економикс“.

Причината за овој пад се очекувањата за можен мировен договор меѓу САД и Иран, што би можело да доведе до повторно отворање на Ормутскиот теснец и стабилизирање на снабдувањето со енергија.

ИЗДВОЕНИ