Поради загриженост од прекумерна понуда, цените на нафтата денеска паднаа четврти пат по ред, на најниско ниво во последните четири месеци, и тоа Брент на 64,6 долари за барел, а американската сурова нафта WTI на околу 61 долар за барел.
Според „Трејдинг Економикс“, ОПЕК+ би можела да одобри зголемување на производството во ноември до 500.000 барели дневно, што е трипати повеќе од зголемувањето во октомври, додека Саудиска Арабија настојува да ја поврати пазарната квота.
– Се појавуваат знаци на прекумерна понуда, со раст на залихите на сурова нафта и бензин во Соединетите Американски Држави, а извозот на курдска нафта од Ирак ќе биде продолжен преку турскиот терминал Џејхан по договорот за повторно протекување на тој енергенс. Ризиците ќе бидат продлабочени како што ќе продолжи блокадата на американската влада, а Белата куќа предупреди на масовни отпуштања. Сепак, актуелните кинески купувања на стратешките резерви обезбедија извесен поттик за потрошувачката – велат од „Трејдинг Економикс“.