Цените на нафтата и златото паѓаат

50

Европските берзански индекси денес се претежно малку во пораст, а цените на нафтата, златото и пченицата паѓаат, додека инвеститорите анализираат податоци за трговскиот биланс на Германија за октомври.

Членката на Извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Изабел Шнабел, во понеделник навести за можно зголемување на каматните стапки во еврозоната, објави Танјуг. По нејзините коментари, еврото зајакна, а приносите на 10-годишните германски обврзници се искачија на највисоко ниво од март. Пазарите чекаат клучна одлука од страна на Федералните резерви на САД за каматните стапки, која ќе биде објавена на 10 декември. Аналитичарите проценуваат дека веројатноста за намалување на стапките во Соединетите Американски Држави е околу 87 проценти, објави CNBC.

Швајцарската национална банка ќе го објави своето најново ажурирање на монетарната политика во четврток, а одлуките за каматните стапки од страна на Банката на Англија и Европската централна банка ќе бидат донесени на 18 декември.

Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,47 проценти на 24.170,50 поени денес во 9:30 часот наутро, францускиот CAC 40 порасна за 0,25 проценти на 8.128,35 поени, британскиот FTSE 100 за 0,02 проценти на 9.647,45 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,49 проценти на 2.691,89 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Doq Jones падна за 0,45 проценти на 47.739,32 поени пред отворањето на берзите денес, вредноста на индексот S&P 500 за 0,35 проценти на 6.846,51 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,14 проценти на 23.545,90 поени.

Европските фјучерси за гас за јануари се тргуваа по 26,9 евра за мегават-час на отворањето на берзата TTF денес.

Според тековните податоци на берзата, цената на суровата нафта падна на 58,812 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 62,477 долари. Цената на златото малку падна на 4.187,58 долари за унца, а цената на пченицата на 5,3588 долари за бушел (еден бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16372 долари, што е речиси исто како и на почетокот на тргувањето.

ИЗДВОЕНИ