
Цените на нафтата се задржаа близу петмесечниот максимум, поради стравувањата дека ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток би можела да доведе до подиректно вклучување на САД.
Цените на нафтата од видот вест тексас интермедиеит (WTI) се стабилизираа во Азија откако пред два дена го достигнаа највисокото ниво за речиси пет месеци, бидејќи претседателот Доналд Трамп побара безусловна капитулација на Иран, објави „Блумберг“.
Фјучерсите на американските акции речиси и да не забележаа промени откако се намали индексот S&P 500 за 0,8 проценти, во Њујорк.
Обврзниците на американскиот трезор благо се намалија во Азија, но ги задржаа поголемиот дел од добивките вчера, кои беа поттикнати од геополитичките ризици и од разочарувачките податоци за малопродажбата во САД, почетокот на изградбата на куќи и за индустриското производство.
Индексот на доларот на „Блумберг“ се намали откако претходниот ден го забележа својот најголем раст во последниот месец.
Индексот на азиско-пацифичките регионални акции (MSCI) речиси и да не забележа промена, при што добивките во Јапонија и во Јужна Кореја беа неутрализирани со загубите во Хонг Конг и во континентална Кина.
Иран и Израел разменуваат оган шести ден по ред откако се сретна Трамп со својот тим за национална безбедност за да разговара за ескалација на конфликтот. Тоа поттикна нови шпекулации дека САД се на работ на директно вклучување во конфликтот.