Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, не успеа да постигне договор со тимот на Лос Лос Анџелес за продолжување на соработката, па, според американските медиуми, следната сезона ќе биде негова последна во дресот на познатата франшиза.
Бидејќи ќе го прослави својот 41. роденден во декември оваа година, многумина веруваат дека би можел да замине во пензија. Затоа цената на билетите за натпреварот Њујорк никс – Лејкерс во „Медисон сквер гарден“ нареднава сезона многу се зголеми.
Имено, Никс ќе им биде домаќини на Леброн и на Лејкерс во февруари 2026 година, а навивачите на Њујорк стравуваат дека овој натпревар би можел да биде „последниот танц“ на Кралот во познатата сала, па затоа не штедат пари за билети. Верувале или не, иако натпреварот е закажан за по шест месеци, продажбата експлодира, а цените одат до недоглед. Просечната цена е 1.100 долари!
Инаку, Леброн постојано нагласуваше во текот на кариерата дека неговиот омилен натпревар на гости е во таа арена и токму во Њујорк одигра некои од своите најдобри натпревари во кариерата.