Цените на златото денес малку се опоравија откако нивниот спектакуларен пораст претходниот ден беше нагло запрен. Имено, цената на овој благороден метал вчера падна за повеќе од 5 проценти, што претставува најголема распродажба во повеќе од една деценија, објавува „CNN“.
Падот на цената на златото, кое традиционално се смета за безбедно засолниште во нестабилни времиња, следеше откако инвеститорите одлучија да профитираат од профитот остварен по рекордниот пораст. Друга причина е оптимизмот пред новата рунда трговски преговори меѓу американските и кинеските претставници.
Унца злато денес се тргуваше по 4.141,48 долари на пазарот, што претставува раст од помалку од 0,4 проценти. Ден претходно, во вторник, цената на златото падна за дури 6,3 проценти, на 4.082,03 долари за унца, откако во понеделник достигна рекордно ниво од 4.381,21 долари.
Фјучерсите за злато во САД го завршија денот со пад од 5,7 проценти, на 4.087,70 долари, што е најголем процентен пад од април 2013 година. Цените на среброто и платината, исто така, нагло паднаа во вторник – среброто се намали за 7 проценти, а платината за 5 проценти.