вторник, февруари 3, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Цената на нафтата поскапува секој час

Цената на нафтата поскапува секој час

36

Цените на нафтата пораснаа за околу еден процент по нападот на Израел на главниот град на Катар, Доха.

Брент се искачи на 67 долари за барел, а американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) над 63 долари за барел. Денеска, цената на нафтата брент се спушти на 66,5 долари, но неизвесноста може да предизвика нов раст на цената.

Овој напад, според аналитичарите, би можел да доведе до огромно зголемување на цената на нафтата секој час, што им обезбедува на инвеститорите и висок профит.

Катар е еден од клучните играчи на глобалниот енергетски пазар, особено кога станува збор за природниот гас и за нафтата, а секоја закана за стабилноста во тој регион ја зголемува загриженоста за безбедноста на снабдувањето со енергија, што директно влијае на зголемувањето на нивната цена.

ИЗДВОЕНИ