Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека цената на најпродаваниот лек за слабеење на Ново Нордиск ќе биде намалена, како и за лековите за плодност, а преговорите се очекува да бидат брзи. Трамп најави и пад на цената на говедското месо во САД.
Трамп го објави ова во Белата куќа за време на настан за третмани за плодност и цени на лекови. Новинарите го прашаа да го именува лекот за кој рече дека ќе биде поевтин. „Мислев на Оземпик, на лекот за слабеење?… Ќе биде многу поевтин“, рече Трамп.
Ново Нордиск го продава Оземпик за лекување на дијабетес, додека на Вегови е одобрен за слабеење. И двата лека содржат иста активна состојка, семаглутид. Кога беше прашан за коментар, портпаролот на Ново Нордиск рече дека компанијата започнала разговори со администрацијата за извршната наредба за статус на најповластена нација, но не коментираше директно за објавата на Трамп.