Жителите во населбата Гоце Делчев наскоро ќе добијат целосно нова и безбедна улица, каква што заслужуваат.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека динамиката на градежните активности за целосната реконструкција на улицата „202“ во оваа населба се одвива според предвиденото.

– Како Општина вложуваме во сите населени места – урбани и рурални, без исклучок. Секоја улица, секој тротоар, секоја потреба на граѓаните ни е важна – нагласи Стефковски.

Тој додаде дека работното лето е во полн ек и дека ќе продолжат со работа, проекти и инвестиции насекаде низ Гази Баба.

 

ИЗДВОЕНИ