ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ доби нов, целосно опремен кабинет по информатика со поддршка од Државниот завод за статистика.
Од Општина Аеродром информираат дека ова училиште било избрано за ваква поддршка поради континуираните успеси на учениците, кои во изминатите години имале освоено бројни државни и светски награди по информатика и математика.
Ваквата поддршка, како што истакнаа од Општината, претставува значаен поттик за учениците и за наставниците во нивната посветеност кон знаењето, иновациите и новите технологии.