петок, јануари 30, 2026
Дома МАГАЗИН Цело Владимирово сосе Берово македонска песна ќе пее – во пресрет на...

Цело Владимирово сосе Берово македонска песна ќе пее – во пресрет на најновото издание на популарниот фолк-фестивал „Владимирово 2026“

27

Официјални награди нема да има, сите однапред се победници, освен доколку, во меѓувреме, новинарите не одлучат малку поинаку, па и овој мај да ја доделат новинарската награда за најхитовска, највпечатливо најслушана песна, која со право минатиот мај ја освои Ленче Дедејче, пеејќи ја песната „Ракија се пече“. Рака на срце, воедно беше и најслушана фестивалска песна. Водителка на фестивалот ќе биде Ели Танасковска и ќе има директен ТВ-пренос на Првата програма на Македонската телевизија

 Народната македонска песна живее, се создава и се пренесува од колено на колено, а голем придонес за тоа дава популарниот фолк-фестивал „Владимирово“. Ќе се одржи и оваа година, во мај, на верскиот празник Спасовден (21 мај, четврток), на сцената на Културниот-центар во Фестивалската сала “Ванчо Чавдарски“, по вторпат, и тоа со учество на ѕвездите од македонската фолк-естрада. Доволно е да ги споменеме, меѓу другите: Нино Величковски, Ленче Кукиќ, Благоја Грујовски, Круме Спасовски, Перо Христов, Горан Кукиќ, Драган Мијалковски, ветеранката Виданка Георгиевска, Ванчо Тарабунов, Жаклина Узунова, на кои на годинашново издание првпат ќе им се приклучат ѕвездите Смиља Митревска, Благица Калева и Елена Андоновска со новите песни „Судбина“, „Седум години минаа“ и „Цело Берово оро заигра“. Водителка на фестивалот ќе биде Ели Танасковска, а ќе има директен ТВ-пренос на Првата програма на Македонската телевизија.

Како што вели основачот и организатор на фестивалот (со светскиот начин на организација, поради што сите може да му завидуваат), маестро (хармоникаш и композитор) Горан Алачки, за весникот ВЕЧЕР и порталот vecer.press, кои се едни од медиумските покровители, и оваа пролет, во расцутениот мај, во беровскиот крај, поточно во самото Владимирово ќе се разлеат распеаните ноти и рефрени од новите македонски фолк-хитови. Впрочем, како што беа и оние минатогодишните така и овие навистина ќе ја обележат македонската фолк-естрада.

По повод претстојниот фестивал, во текот на февруари ќе се одржи официјалната прес-конференција на која се поканети естрадните новинари, но и сите вљубеници на овој вид музика. Премиерно на прес-конференцијата ќе се слушнат 12. нови композиции, кои се веќе подготвени. Официјални награди нема да има, сите однапред се победници. Освен доколку, во меѓувреме, новинарите не одлучат малку поинаку, па и овој мај да ја доделат новинарската награда за најхитовска, највпечатливо певлива песна, која со право минатиот мај ја освои Ленче Дедејче, пеејќи ја песната „Ракија се пече“. Рака на срце, песната воедно беше и најслушана фестивалска песна, доколку така се оценува тоа, меѓу двата фестивали.                                                              (Дуле  Миќиќ)

 

 

ИЗДВОЕНИ