ФОТО: РК Алкалоид

Српскиот ракометен репрезентативец Урош Борзаш е еден од новитетите во составот на РК Алкалоид за следната сезона. Бекот ќе биде дополнителна сила во шутерската линија во новите предизвици, а веќе тренира со новите соиграчи и се подготвува за мечевите кои ни следат. Импресиите од почетокот во Автокоманда се позитивни, условите за работа се на ниво, а очекувањата и амбициите – секогаш највисоки.

Убаво и добредојдено се чувствувам во Алкалоид, каде сите ме прифатија уште од стартот и сите сме заедно во оваа приказна. Мислам дека условите за работа од она што го гледам на почетокот се најдобрите во Македонија, спремни ги почнавме подготовките, па се надевам дека ќе биде се во најдобар ред и дека на секој меч ќе ја користиме наша шанса. Мора да работиме, да бидеме трпеливи, а резултатот ќе ни дојде“, истакна Србинот и додаде:

Нашите цели се високи. Македонската лига никогаш не била посилна, четири екипи се силни и очекувам интересна сезона. Но, истовремено е и долга, затоа не би сакал да давам никакви прогнози предвреме. Ние со тимот треба да го одиграме нашето на секој меч, да ги следиме насоките на тренерот Лазаров и да бидеме се подобри од натпревар во натпревар.“

Тој говореше и за тоа како Алкалоид може да стигне до групната фаза во Европската лига, каде за противник во квалификациите го добија бундеслигашот Хановер.

Во Европа ја имаме нашата шанса, иако ждрепката не беше најповолна. Од она што го видов, Алкалоид е добра екипа, посебно кога игра на домашен терен. Првиот меч со бундеслигашот Хановер треба да го одиграме перфектно и без грешки, да ја користиме секоја можност за гол, да ги сведеме техничките грешки на минимум, а потоа дома да играме за прогрес во групната фаза на Европската лига на ЕХФ“, кажа Борзаш за сјатот на „РК Алкалоид“

ИЗДВОЕНИ