Колумбискиот тенисер Николас Мехија јавно се огласи по инцидентот што се случи по натпреварот од Дејвис купот, со Мароко. Колумбиската репрезентација победи со 3:1 во плејофот од Светската група на Дејвис купот, но финалниот натпревар беше напнат поради настаните на теренот.

Мехија, кој моментално е рангиран на 177. место во светот на АТП-листата, прво ѝ гестикулираше на публиката да замолчи по натпреварот, а потоа го повтори истиот гест во правец на клупата на мароканскиот тим.

По тоа, страстите брзо се разгореа – почнаа да летаат шишиња од трибините кон теренот и ситуацијата беше на работ од сериозен конфликт меѓу играчите од двете репрезентации.

Колумбиецот потоа објасни зошто реагирал на тој начин.

  • Треба да се каже и дека ме навредуваа во текот на целиот натпревар, дека ми се закануваа мене, а и на моето семејство и дека истите тие членови на мароканската репрезентација постојано викаа и ја подбуцнуваа публиката кон мене – објасни Мехија.

ИЗДВОЕНИ