Центарот за управување со кризи информира дека поради дефект на 110 КВ далновод во моментот без електрична енергија е цел град Прилеп, потегот на селата кои гравитираат кон Битола и дел од селата во Општина Кавадарци.
Екипите на МЕПСО се на терен и работат на отстранување на дефектот.
Од МЕПСО сме информирани дека за кратко време, односно најдоцна за 2 часа дефектот ќе биде саниран.






