Царинските служби открија низа обиди за нелегално внесување и изнесување на стоки и документи на граничните премини низ државата.
На граничниот премин Деве Баир, кај патничка од Косово, била откриена поголема количина златен накит – монети, ланчиња, брошеви и обетки, скриени во патна торба. Стоката е привремено задржана, а поднесена е кривична пријава.
На преминот Блаце, во возило со бугарски таблички, бил пронајден сребрен и челичен накит во вредност од околу 186.000 денари, за што е поднесена прекршочна пријава.
Во Царинската испостава Струмица е запленет моторцикл „Априлиа“ поради несоодветна документација, а на аеродромот во Скопје биле пронајдени цигари и тутун без акцизна маркичка кај патник со бугарски пасош.
Дополнително, се запленети над 60 штеки цигари во различни случаи, вклучувајќи и обид за шверц покрај граничната линија. Мобилните тимови открија и над 5.000 парчиња производи (од играчки до авто делови) и 3.755 пара фалсификувани детски сандали и велосипеди на излез кон Косово.
На Богородица, возач на камион се обидел да влезе во земјава со фалсификувана лиценца за меѓународен превоз. Случајот е предаден на надлежните органи за истрага.
Царинската управа продолжува со засилени контроли во борба против шверцот и нелегалната трговија.