Царините за „Епл“ од 25 отсто ќе важат и за „Самсунг“ и другите произведувачи на телефони, соопшти Трамп

172
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините од 25 отсто, кои се воведени за компанијата „Епл“ ќе се применуваат и на јужнокорејската „Самсунг“ и на другите производители на паметни телефони.

 

„Во спротивно, тоа не би било фер. (Белата куќа) ќе го заврши тоа на соодветен начин до крајот на јуни“, изјави за новинарите Трамп во Овалната соба.

Тој додаде дека кога производителите ќе ги прават своите производи во САД, тогаш нема да има царини, како и дека очекува да градат фабрики во САД, пренесува „Гардијан“.

Тој претходно ѝ се закани на американската компанија „Епл“ со царина од 25 отсто ако не ги произведува својите ајфони во Соединетите Американски Држави.

„Одамна го известив Тим Кук од „Епл“ дека очекувам нивните ајфон уреди кои ќе се продаваат во САД да бидат произведени во САД, а не во Индија или на кое било друго место“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушал.

Тој на новинарите им кажа и дека царините од 50 осто ќе останат на сила за Европската унија доколку не се постигне трговски договор, објави „Ројтерс“.

 

ИЗДВОЕНИ