среда, февруари 11, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Чувар на објект во изградба оперирал во „подземјето“ ; МВР: Уапсен 68-годишен...

Чувар на објект во изградба оперирал во „подземјето“ ; МВР: Уапсен 68-годишен скопјанец за кражба на бакарни кабли во вредност од 200 000 евра

45

Вчера во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра.

По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ