„Чувај го својот меч“, се пошегува кралот Чарлс со Трамп!

129
EPA/SSgt Donald C TODD/UK MOD HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

За време на втората државна посета на американскиот претседател на Велика Британија, Доналд Трамп и кралот Чарлс беа фотографирани како се смешкаат и топло разговараат.

Експерт за говор на телото и читање усни откри што разговарал Доналд Трамп со членовите на британското кралско семејство.

Експертот изјави за „The Sun“ дека Трамп го поздравил принцот Вилијам како да се пријатели, додека Чарлс и Трамп биле снимени како разменуваат пријателски зборови додека ja гледале смотрата на гардата.

Потоа кралот погледнал во мечот на еден од гардистите и му рекол на претседателот да „го чува својот меч“, по што двајцата се насмеале.

Во меѓувреме, претседателот Трамп застанал прв за време на инспекцијата на гардата, потег со кој го прекршил кралскиот протокол, но всушност е традиција светските лидери да одат пред монархот за време на церемонијата, објавува „The Sun“.

Претседателот на Соединетите Американски Држави беше пречекан од почесна гарда, по што Трамп и британскиот крал ги поздравија војниците, а потоа беа свирени американската и британската национална химна.

Претседателот и кралот потоа влегле во златна кочија со своите сопруги која ги однела во замокот, каде што бил одржан гала ручек за гостите.

Ова е прва официјална посета на Трамп на Обединетото Кралство во неговиот втор мандат.

Трамп пристигна во Лондон во вторник вечерта, велејќи дека ужива во враќањето во Британија, која ја нарече „многу посебно место“, и дека кралот Чарлс е негов долгогодишен пријател кого многу го почитува, и дека поканата да дојде во Виндзор е „исклучително голема чест“.

За време на посетата на Трамп, пред замокот Виндзор каде се одржуваше средбата, се собраа анти-Трамп и пропалестински демонстранти, од кои некои носеа капи на Дејви Крокет и свиреа во труби.

ИЗДВОЕНИ