Чудотворна супа од 3 состојки има спасено илјадници животи во минатото: Рецептот е генијален изум на познат педијатар

411

Супата на која животот и го должат илјадници луѓе всушност е изум на педијатарот Ернст Моро.

Ернст Моро е роден во 1874 година во Љубљана, Словенија. Студирал на Универзитетот во Грац, а подоцна станал професор по педијатрија на Универзитетот во Хајделберг. Педијатријата во неговото време во Европа не била доволно развиена, а смртноста кај новороденчињата била многу висока, речиси 25 проценти, објавува „Брајт Сајд“.

Една од главните причини за смрт на илјадници бебиња во тоа време била дијареата.

Доктор Моро успеал да најде начин да ги спаси бебињата, а неговиот лек бил едноставен и генијален во исто време. Моро предложил на бебињата да им се дава супа од моркови, која мајките и медицинскиот персонал ја готвеле според неговиот рецепт.

Супата од моркови на Моро има само три состојки:

– 500 г моркови

– вода

– сол

Пред да ја готвите супата, треба да ги измиете и исчистите морковите. Потоа сварете ги во вода додека не омекнат. Изгмечете ги морковите и додадете вода, колку што е потребно за да направите околу еден литар супа. На крај, додадете прстофат сол.

Докажано е дека оваа едноставна супа ја спречува дијареата кај новороденчињата, вклучително и тешките форми. Подоцнежните студии покажаа дека олигосахаридите во морковите спречуваат бактериите да се лепат на рабовите на цревата, што ја спречува дијареата. Со текот на времето, овој лек беше заменет со антибиотици и лекови против дијареја, но во тоа време помогна значително да се зголеми стапката на преживување на новороденчињата.

ИЗДВОЕНИ