
Талентираниот германски фудбалер, Ленарт Карл, предизвика тензија во редовите на Баерн (М) со своите неодамнешни изјави.
Иако е во одлична форма, младиот фудбалер ги налути навивачите на баварскиот гигант, кои дури побараа веднаш да биде продаден. Имено, 17-годишниот напаѓач неодамна објави дека во иднина сака да игра за Реал (М), клубот од неговите соништа.
„Баерн (М) е голем клуб и сон е да се игра тука, но во еден момент дефинитивно сакам да одам во Реал (М)“, изјави Карл и експресно предизвика жестоки реакции кај навивачите на Баерн, кои сметаат дека како играч на германски клуб, никогаш не треба да дава такви изјави.
Сосема очекувано, следеше реакција на самиот клуб. Секако, на Баерн (М) не му е многу гајле за тие зборови, но секако раководните лица го сметаат за иднина на клубот.
Јасно е дека не сакаат да го изгубат и донеле јасна одлука. Според медиумските извештаи, шефовите на Баерн (М) се подготвени да му понудат на Карл продолжување на договорот.
Моментално, Ленарт Карл има договор со важност до летото 2028 година, но во Минхен му подготвија договор до 2031 година. Карл наводно се согласил да потпише продолжување на договорот и сè уште се гледа себеси во Баерн.
Пред да се приклучи на Баерн (2022), Карл, додека беше во академијата на Ајнтрахт Франкфурт, доби покана од Реал (М)за неколку проби, една од нив на „Сантијаго Бернабеу“.
Неодамна се појави фотографија од фудбалер во дресот на Реал (М), а „кралскиот клуб“ не го реализираше трансферот бидејќи семејството не беше убедено во интересот на Реал (М) за Карл.
Потоа на сцена стапи Баерн и го донесе во Минхен, што очигледно беше полн погодок. Се очекува Дајот Упамекано и Серж Гнабри да потпишат нови договори заедно со него.
Карл сега ќе добива многу поголема плата (моментално заработува 1.000.000 евра годишно, а кога ќе потпише, неговата заработка ќе биде од 5.000.000 до 7.000.000).
Карл ќе стане полнолетен следниот месец, а досега оваа сезона одигра 13 натпревари во Бундеслигата со ефект од три гола и две асистенции, додека во Лигата на шампионите веќе постигна три гола на четири настапи и без сомнение е иднината и на Баерн (М) и на германската репрезентација.
На само 18 години, тој има пазарна вредност од 60.000.000 евра, а се верува дека нема да помине долго време пред да ја надмине „стотката“.











